По најавата на градоначалникот дека се средува делот кај Грашница, од билатералниот секретаријат на Охридското езеро велат дека за да го поддржат проектот во целост бараат да се изработи квалитетна студија за истата.
Работите во меснота Грашница добиваат на интензитет. Градоначаникот неодамна за ТВМ најави дека со овие зафати Локалната прави напори да заживее некогаш најатрактивниот дел на Охрид – Грашница. Петрески вели дека локалната веќе има идеја, но и изготвен проект за враќање на сјајот на месноста Грашница, место каде последниве дваесеттина години плажниот туризам потполно беше замрен. Секретатрот на билатеријаниот секретаријат Дејан Паноски вели дека и како дел од секретаријатот но и како советник го прифаќа секој проект кој обврзува уредување и заштита на Охридското езеро од загадувачите, но потенцира дека проектите не траба да се изведуваат само со збор, туку во истите треба да се согледаат позитивните и негативните страни.
„За овај проект разговаравме на седницата на совет и како еден од заклучоците предложивме да се превземат сите научни и технички сознанија и ревизија на постоечки проекти за да се видат позитивните и негативни влијанија од еден ваков зафат врз целокупниот слив на Охридското езеро. Кога ќе ги имаме научните и технички истражувања тогаш ќе можеме да влезиме во фаза на конкретна и комплетна реализација“-изјави Дејан Паноски.
Паноски додава дека проектот ќе биде прифатен само дококлу во склоп на истиот се изгради и мала прочистителна станица, која ќе ја прочиствува водата која се влива во езерото. Само тогаш проетот ќе заслужи внимание и само така научната експертиза ќе добие подршка на локлно и централно ниво, вели Паноски.
„Бараме квалитетна студија како и да се ревидира постоечката и да се превземат мерки за квалитетно прочистена вода да влегува во Охридското езеро. Тоа е еколошки и политички момент“-додава Паноски.
Инаку грдаоначалникот најави дека проектот кој е во тек опфаќа и уредување на камповите Партизан и Младост. Тој додава дека локланта е во преговори со минстерството за транспорт и врски за заеднички проект за изградба на кеј, како и изградба на објекти за спортови на вода и марина на државно место. Во Грашница планирано е и да се изградат пешачки патеки кои ќе ја поврзуваат месноста со Канео и Плаошник, како и поврзување на Плаошник и Канео со Лабино и Грашница.
„Сметам дека откако ќе ја тргнеме Грашница овој дел повторно ќе заживее како некогаш. Доколку имаме подршка од министрвото, реката уште уште годинава ќе ја пренасочиме, истакна градоначалникот Александар Петрески пред десеттина дена за ТВМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град