Бигорскиот манастир доби уште еден монах. Синоќа, Антониј стана дел од монашкото братство на овој свет храм точно во предвечерието на големиот празник Отсекувањето на главата на Св Јован Крстител.
Бигорскиот манастир кој со векови претставува духовно светилиште, го одбележува отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, Претеча и крстител Господов Јован. Синоќа на манастирската слава во предвечерјето на празникот беше отслужена архиерејска Вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, со игуменот на манастирот Архимандрит Партениј, на која еден член од Бигорското братство беше причислен во рамноангелниот монашки ред. Новиот монах Антониј вели дека без Бога сме никој.
„Денеска имаме голем број верници кој што се во црквуваат токму во Бигорскиот манастир, сепак тоа е голем труд на старецот и секогаш тој не советува дека ние треба тоа да го чуваме да го негуваме и постојано да се молиме за народот постојано да се во црквуваат зошто без Бога незнам како би опстанале“
Сестра Ефимија изјави дека , нашата Света Обител, која и самата е едно силно и лично сведоштво за делото на Свети Јован, денес многу се радува, бидејќи на празникот, Претечата и Крстител Господов на ангелска служба повика уште еден член на Бигорското братство кој се присоедини во монашките редови и стана земен ангел и небесен човек, добивајќи го името Антониј.
„Сите овие десет години откако сум во оваа црква секоја година е нова радост во мојата душа која постојано го бара Бога. Ова е нашиот небесен Ерусалим, овде е спојот меѓу небото и земјата“
Монахот од Бигорскиот манастир Антолиј потсетува дека денешниот ден Отсекувањето на главата на Св Јован Крстител е најголемата слава на Бигорскиот манастир кој отсекогаш на овој ден собирал многу народ.
„И денес сме сведоци како доаѓа народ од сите страни на нашата земја и исто така тоа сведочи дека овој манастир од самото негово основање а и денес ја продолжува истата мисија да биде еден духовен центар не само за овој крај туку и за пошироките краишта на нашата татковина“
Традиционално, како што било со векови, по повод патронот, во Бигорскиот манастир, престојуваат верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу синоќа и денес. Без оглед од каде се, како што самите велат, за сите нив ова е место исполнето со спокој, мир и љубов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град