„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

 |   | 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а е финансиран од Европската Унија и ќе трае од 01.09.2020 до 31.08.2023. Тој има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование.

Како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ во оваа учебна година ќе се доделат стипендии на 300 ученици со попреченост. За таа цел Фондацијата „Чекор по чекор“ на својата интернет страница www.stepbystep.org.mk (на македонски и на албански јазик) објави оглас на кој до 30 септември 2020 г. ќе можат да аплицираат сите родители/старатели на деца со попреченост запишани во I или II одделение во основните училишта. За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на 072-307-326 или на: stipendii@stepbystep.org.mk.

Освен програмата за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија, како дел од проектот ќе се спроведат и следните активности:

– кампањи за подигање на свеста и промовирање на важноста на инклузивното образование,

подобрување на капацитетите на вработените во основните училишта за градење инклузивни образовни средини,

– подобрување на поддршката и пристапноста до и во училиштата за учениците со попреченост, и обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во образовниот процес.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top