Безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач денеска претпладне во атарот на селото Рамне.
Безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач денеска претпладне во атарот на селото Рамне. Станува збор за тело на маж на возраст од 70-тина години. На местото на настанот на увид излезе екипа на СВР во присуство на овластени судски и медицински лица. Од СВР информираат дека на телото не биле пронајдени траги на насилство и додаваат дека според првите сознанија од увидот станува збор за природна смрт, што ќе биде потврдено по обдукцијата која ќе биде дополнително извршена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град