Безбедноста на сообраќајот во Охрид-лоша

Советот на безбедност при општина Охрид и претставници од СВР ќе преземаат низа активности  по основните и средните училишта за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Советот на безбедност при општина Охрид и претставници од СВР ќе преземаат низа активности  по основните и средните училишта за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Почетокот на учебната година ги натера надлежните уште посериозно да размислуваат како да ја подобрат безбедноста во сообраќајот. За таа цел денес одржа состанок Општинскиот совет за безбедност на кој учествуваа и претставници од СВР Охрид.

Според податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи во текот на оваа година забележано е подобрување на безбедноста на сообраќајот во градов. Најголема динамика на возила е забележана во втората половина на месец јуни и првата половина на август кога во Охрид сообраќаеле и по 20 000 возила во текот на 24 часа. Од јануари до 25 август на подрачјето на Охрид се случиле 307 сообраќајни незгоди, а во 2007 во истиот период 362. Оваа година  во 9 сообраќајни незгоди загинале 9 лица , а во 2007 во 9 незгоди имало 17 жртви. Во текот на оваа година со тешки повреди се здобиле 37 лица, а во 2007, 43 лица.

Бранко речкоски, виш инспектор по сообраќај во СВР Охрид, вели дека сите релевантни фактори треба заедно да работат за подобрување на ваквата состојба

Карактеристично за охридскиот регион е што сообраќајките најчесто се случуваат во вечерните или раните утрински часови. Годинава зголемен е и процентот на моторциклистите и велосипедистите со мотор кои се причинители или учесници во незгодите. Дури 34 сообраќајки се од ваков вид, а во нив животот го загубиле 3 лица, а со тешки повреди се здобило 21 лице. Најчесто станува збор за млади почетници кои не ги почитуваат пропишаните правила и прописи, велат од СВР.

Со цел да се намалат можностите за предизвикување сообраќајна незгода  советот за безбедност заедно со сообраќајната полиција во иднина ќе преземат низа мерки. Најпрво во сите училишта ќе бидат поделени флаери во кои се наоѓат основните правила за управување со  моторцикл и велосипед со мотор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top