Бебедноста, нераскинлив дел од гостопримството

Бебедноста на гостите е еден од основите фактори за развој на успешен туризам.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohrid
Охрид

Ohridski denovi na gostoprimstvoЕкспертите децидни, само со организациски пристап на сите релевантни институции, може да има ефикасно решавање на проблемите од сферата на безбедноста во туризмот. Луѓето го прават туризмот, без нив тој не би постоел. Со овие зборови денес беа отворени Охридските денови на гостопримство и туризам. Една од темите на која ќе се осврнат експертите на оваа конференција е и безбедноста во туризмот и нејзината важност за развој на туризмот како дејност. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN,  Драган Глигоријевиќ потенцира дека безбедноста е интегрален дел на секоја туристичка понуда.

Ohridski denovi na gostoprimstvo

Според податоците на СВР Охрид од почетокот на годинава, па до денес во Охрид се регистрирани 18 нарушувања на јавниот ред и мир и физички пресметки во угостителските објекти. Станува збор за физички пресметки нејчесто како последица на пијанство. Деканот на ФТУ од Охрид, Проф.Д-р Сашо Коруноски изјави дека сепак станува збор за изолирани инциденти, но кои во никој случај не смеат да се повторат. Решавањето на проблемите од сферата на базебедноста во туризмот, треба да се решаваат со вклучување на сите институции од сферата на туризмот и оние надвор од неа.

Проф. Д-р Пере Аслимоски кој на оваа конференција ќе говори токму за безбедноста, изјави дека безбедноста на гостинот е нераскинлив дел од гостопримството. Аслимоски согласен дека треба организациски да се пристапи во решавањето на било кој проблем од областа на безбедноста.

На оваа дводневна конференција експертите од регионов со помош на науката и бизнисот ќе се обидат да ја изнајдат вистинската формула за привлекување на секој турист. Акцент ќе биде ставен на гостопримството, како еден од најсилните субјективни фактори во оваа сфера.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top