• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид во изминатово деноноќие е стабилна

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид во изминатово деноноќие е стабилна

Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 29.03. до 07 часот на 30.03.2020 година, 20 лица од кои 2 деца до 18 години, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, (Охрид-, Струга-9, Кичево-8 и Дебар-1).

 |   | 

Малолетните лица се повикани и предупредени а останатите се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Не се регистрирани нови лица со решение за изолација и извршени се 80 контроли на евидентираните лица со решение за изолација (Охрид-38, Струга-8, Кичево-5, Дебар-29). Истовремено, евидентирани се 51 нови лица во самоизолација (сите од Струга) и спроведени се 373 контроли врз лицата во самоизолација(Охрид-119, Струга-72, Кичево-75 и Дебар-107). Полицискитеслужбеници извршиа 58 контроли на угостителски објекти. Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top