Безбедносната состојба во градов пред советниците

Советниците конечно во понеденик ќе расправаат за безбедносната состојба во Охрид.  На 23-тата седница на Советот на град Охрид ќе се расправа по две точки и тоа: „Информација за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб „ Куба Либре“ – Охрид“ и  „Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата“.

 |  Татјана Маленкова  | 
sovetnici
советници

Иако изминатиот период во неколку наврати беше нарушен јавниот ред и мир во Охрид, сепак градоначалникот Александар Петрески не успеа да го свика советот за превенција, тело кое требаше одамна да изнајде начин за подобрување на безбедносната состојба. „Советот покрај мене е составен и од првиот човек на СВР, првиот човек на судот и многу други видни личности од локална и централна власт во Охрид“, вели градоначалникот.
„ Јас не го поставив првиот човек на судот, на полицијата и другите први луѓе во советот и мислам дека се е голема фарса пред ЕУ да прикажеме дека некеко работиме, уствари тоа е причина што не ни оди работата. Затоа се мислам дали и кога да го свикам советот, но сигурно ќе го свикам“, вели градоначалникот.
Петрески вели дека и покрај тоа што локалната власт има најдобри сознанија за безбедноста во Охрид сепак неможе на секторот за внатрешни работи да му наложи на кои места да има редовна контрола. „Секаде во светот градоначалникот го поставува и разрешува првиот човек на полицијата  само кај нас тоа е поинаку“, додаа градоначалникот.
„ Целата јавност знае дека и со Ноќните клубови и со безбедноста во сообраќајот, сообраќајците се приватно поврзани со настаните. Јавна тајна е дека зад ноќните клубови стои човек од полицијата. Сите тоа го зборуваат, но никој јавно не сака тоа да го потврди. Еве јас тоа и јавно го кажувам…. Многу вработени во полицијата учествуваат во бизнисите на ноќните клубови, па дури имам и сознанија дека некои полицајци издаваат пари под рента“-додава градоначалникот.
Петрески уште додава дека на сите овие работи јавно укажува затоа што во вакви околности не може да ги промени.
Останува да видиме дали со седницата на Совет кој ќе се одржи во понеделник колку толку работите ќе се подмрднат од мртва точка, а безбедносната состојба во Охрид ќе се промени на подобро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top