„Безбедни училишта-Хармонична средина“

„Безбедни училишта-Хармонична средина“. Веќе втора година Локалната самоуправа, МВР, трите гимназии и ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, активно се вклучени во проектот за безбедни училишта кој го организира и спроведува Мисијата на ОБСЕ. Врвен приоритет на овој проект е превентивната работа на сите кои се вклучени во проектот со цел идентификација на проблемите во заедниците и заедничко решавање на истите.

 |  Николоска Биљана  | 
plostad
плоштад

plostadПодигнат е степенот на безбедност во училиштата. Тоа е резултат на две годишните активности кои се спроведуваат во рамките на проектот „Безбедни училишта-Хармонична средина“. Како што изјави Офелија Петреска, целта на проектот е да се  преземат активности за училишта без насилство од секаков вид, како и тоа училиштето да претставува втор дом за учениците. Денешниот  хепенинг е промоција на досега реализираните активности додава таа.

„Со вклучување на ОУ во проектните активности, со годишна програма одобрена од Локалниот совет на општина Охрид, беше изработен кодекс на однесување на учениците за безбедност, покрај онај стандарден кодекс на однесување на учениците што го имаме. Исто така промовираме и преземаме активности заедно со МВР за физичко обезбедување на училиштата ги учиме учениците како да ги препознаваат конфликните ситуации како да се справат со истите без насилство туку на еден мирен начин да можат да ги разрешат“.

plostadДосега сме сработиле многу, воглавно се што е предвидено со програмата, вели Славица Тримчева, проф по психологија во Гимназијата Св „Климент Охридски“. Додава дека веќе се гледаат ефектите од активностите на проектот.

„Секако дека има голем влијание, но мора да кажам дека и ние немаме големи проблеми со насилното однесување кај учениците и работиме на тоа да одимеаме похармонични односи во средината и мислам дека со овој проект постигнуваме такви резултати“.

Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, вели дека овој проект се покажал како одличен, бидејќи е во тесна врска со нивната тенденција за обезбедување на безбедност на учениците во училиштата.

plostad„Беа опфатени трите средни училишта, и ОУ „Григор Прличев“, ќе се обидеме наредната година и сите основни училишта кои останаа да ги вклучиме во овој процес се со една единствена и заедничка цел да ги направиме безбедни училиштата како наставата би се одвивала без проблеми и оптоварувања од тој аспект“.

Полицијата како партнер во реализацијата на проектот „Безбедни училишта-Хармонична средина“, исто така има одговорна улога. Како што истакна претставникот на СВР Охрид, Живорад Савиќ, полицијата не смее да остане сама во остварувањето на безбедносната функција, тоа мора сите заедно да го прават со цел идентификација на проблемите во заедниците и заедничко решавање на истите. Нивните очекувања од проектот се: подобрување на квалитетот на живеење и намалување на засегнатоста од проблемите во јавната безбедност во училиштата, поголема родителска грижа и одговорност за своите деца, редовно и активно ангажирање на раководствата во училиштата, професорите и наставниците. Флаерите за безбедност на учениците ги изработи  информативната секција на ОУ „Григор Прличев“, заедно со  нивниот професор Марина Танасоска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top