Безбедна матура

Финишираат активноcтите кои ги превзема СВР за безбедна матура.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Од таму до матурантите апелираат да ги почитуваат одредбите од законот за патен сообраќај и јавен ред и мир. Родителите се чувствуваат посмирено и задоволни се од акцијата на СВР.

Секторот за внатрешни работи, превзема низа активности со кои матурантите безбедно би ја прославиле матурската вечер. Родителите по активностие кои ги спроведува МВР за безбедна матура, многу посигурни за своите деца.

Стефан ДимоскиСВР во соработка со педагози, психолози, центарот за социјални работи, државниот пазарен инспекторат и советите  на родители од школските центри низ заеднички активности ги дефинираа сите аномалии, евидентирани изминатиов период со цел да се направи се, матурската прослава безбедно да се спроведе.

Апелираме, матурантите и нивните родители максимално да ги почитуваат законските одредби,вели Димовски. Тој додава дека за време на матурските прослави ќе превземе засилени мерки за делот на нормално одвивање на сообраќајот, и елиминирање на сите можности за нарушување на јавниот ред и мир. МВР изминатиов период изготвила анализи на сообраќајни незгоди.Најчести причини за незгоди се пребрзо возење и неприсобување на брзината кон условите на патот и управување на возило во алхохолизирана состојба.

Началникот на пазарната инспекција најавува дека за време на матурските прослави ќе бидат многу поактивни. Само на овој начин полесно ќе ги фатиме оние кои го прекршуваат законот, вели Ѓорѓи Бошалев.

Казните се високи и за точење на алхохолни пијалоци и присуство на малолетници во објект. Тие се движат од 2 и пол до 4 000 евра, и 2 и пол за прекорачување на работното време, вели Бошалевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top