Без струја се голем број села од охридско, струшко и Дебрца, Евн работи на проблемите

Без струја се голем број села од охридско, струшко и Дебрца, Евн работи на проблемите

 |  Јаковлева Лионела  | 
bandera
bandera

Екипите на Евн работа на поправка на дефектите за нормаилирање со напојувањето на струја. Сеуште без струја се  Вевчани и охридските села Велмеј, Новосело, Лексоец, Косел ,  струшките  Делогожда, Окиси,Бороец,  Подгорци, Ливада, Радожда,  Калишта, Ложани. 

banderaOд Мепсо работат на поправка на далеководи , аекипите на евн ги санираат проблемите , информира Атанас Ковачески портпарол на  ЕВН.

„ Ќе биде решен проблемот се очекува екипите да се пробијат до места каде што се дефектите . Мрежата на ЕВН е покрај патиштата ако има проблем на низок напон се решаваат, но  не и со среден напон далноводите поминуваат во многу непристапни места  завеани од снег. До сите тие места максимално се правцат напори  наши екипи се упатуваат и пеш да ги  утврдат дефектите и да го санираат“, кажува  Ковачески.

banderaКовачески нагласува дека во поголем дел од градските средини состојбата се нормализира .

 

Останува понекаде каде не може да се заменат паднатите електрични столбови да се приклучат на други напојни точки за да може корисниците да имаат струја. Се работи интензивно на отстранување на такви дефекти настанати поради кинење на кабли и паѓање на бандери низ улиците, додава Ковачески. Од ЕВН апелиреарт граѓаните да не се обидуваат да ги допираат надвиснатите  кабли и електричните столбови, туку дефектите да ги пријавуваат на дежурниот телефонски број
08 90 88888.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top