Граѓаните на Охрид во иднина бесплатно ќе добиваат психосоцијално советување.
Во Охрид започна да работи психосоцијално советувалиште. Тим составен од психолог, социјален работник, дефектолог и доктор, ќе врши бесплатна анонимна услуга, за сите граѓани кои од истата ќе имаат потреба. Оваа новина е дел од новата програма на Црвениот Крст. Целта е подигање на квалитетот на живеење на граѓаните од Охрид, превенција и надминување на психосоцијалните проблеми кои секојдневно ги мачат. „ Во однос на психолошката област ќе се врши психолошка дијагностика, разрешување на проблемите околу професионалната ориентација, ќе се работи со поединци во однос на градење на сликата за себе, идентитетот, психосоматски проблеми во однос на несоници, депресии, а исто така ќе се врши и советодавна помош за подбрување на квалитетот на менталното здравје на поединецот, вели Психолог Марија Милошевска.
Во рамки на советувалиштето ќе се решаваат проблеми од сверата на социјалното живеење. Ќе бидат третирани деца со нарушено поведение, оние кои имаат проблеми при социјализација во средината, како и децата со болести на зависност. Исто така ќе се работи со деца, адолесценти кои имаат криза на идентитет, конфликти во семејството и социјалната средина, пореметување во исхраната, проблеми со поведение и променливо расположение. Ќе се работи на семејни и партнерски конфликти, проблеми во комуникацијата и криза во меѓусебните односи, вели
Мери Наумовска, социјален работник.
„Како тим, во име на хуманоста сметавме дека не смее да биде заборавена уште една ранлива категорија, а тоа се лицата со посебни потреби и нивните семејства. Ќе ги решаваме проблемите со кои се соочуваат овие лица и ќе се обидеме да ги надминеме истите. Дополнително ќе одлучиме дали ќе работиме поединечно или пак во групи. Особено треба да се стави акцент на проблемот на децата со потешкотии во учењето, како една помалце разработена тема, застапена и потешко препознатлива. Тоа се деца со проблеми во изговорот, проблеми во читање, пишување на кои особено им е потребна помош“, истакна Магистар Ана Крстеска, дефектолог.
„Во рамки на советувалиштето ќе биде опфатена проблематиката на сексуално и репродуктивно здравје. Контролата на раѓањето, контрацепцијата, односно заштита од несакана бременост, ќе им бодет посочени на младите кои сметам дека не се доволно едуцирани. Тинејџерите ќе бидат нашата целна група“, вели Д-р катерина Попоска.
Психосоцијалното советувалиште ќе функционира секој работен ден од 17 до 20 часот, додека во сабота од 12 – 15. Заинтересираните граѓани можат да закажат термин и на телефонскиот број 261 – 909.
Инаку, наскоро во функција ќе биде ставена и интренет адреса која ќе ја олесни достапноста до услугите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град