Граѓаните денес бесплатно се тестираа за ХИВ СИДА

Граѓаните денес бесплатно се тестираа за ХИВ СИДА. Оваа акција ја спроведоа невладината Опција и Црвениот крст од Охрид по повод 1ви декември, светскиот ден за борба против борба против сидата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sida
сида

 

10 граѓани денес ја искористија можноста бесплатно да се тестираат за ХИВ СИДА. Оваа акција беше дел од активностите кои невладината организација Опција и Црвениот крст од Охрид ја спроведоа по повод светскиот ден за борба против сидата. Охриѓани ја поздравија ваквата иницијатива.

Претставниците од невладината организација Опција кажаа дека вакви акции се спроведуваат во текот на целата година. Секој месец специјалното возило во кое анономно и бесплатно се прават тестовите за ХИВ СИДА доаѓа од Скопје. Тетирањата се прават на два пункта и тоа кај седиштето на Опција и кај Црвен крст. Граѓаните се повеќе се осмелуваат да се тестираат и тоа не само оние од ранливите групи туку и останатите граѓани.

Волонтерите од црвен крст денес делеа флаери, кондоми и црвени панделки на случајните минувачи.

10 граѓани денес ја искористија можноста бесплатно да се тестираат за ХИВ СИДА. Оваа акција беше дел од активностите кои невладината организација Опција и Црвениот крст од Охрид ја спроведоа по повод светскиот ден за борба против сидата. Охриѓани ја поздравија ваквата иницијатива.sida

Претставниците од невладината организација Опција кажаа дека вакви акции се спроведуваат во текот на целата година. Секој месец специјалното возило во кое анономно и бесплатно се прават тестовите за ХИВ СИДА доаѓа од Скопје. Тетирањата се прават на два пункта и тоа кај седиштето на Опција и кај Црвен крст. Граѓаните се повеќе се осмелуваат да се тестираат и тоа не само оние од ранливите групи туку и останатите граѓани.

Волонтерите од црвен крст денес делеа флаери, кондоми и црвени панделки на случајните минувачи.

Ова е само еден од начините за правилно информирање на граѓаните што е тоа Хив Сида и како можат да се заштитат од оваа смртоносна болест.

Инаку во текот на 2012 во Македонија се регистрирани 20 нови случаи на инфицирани од вирусот. Во Охрид нема регистриран случај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top