Со ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски не се согласува и градоначалникот.
Со ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски не се согласува и градоначалникот.
Охридските екологисти се против идејата да се гради бензиска пумпа за потребите на пловните објекти на брегот на езерото.
Велат дека се непријатно изненадени од ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски. Според нив, бензиска пумпа на брегот би претставувала дополнителна опасност за живиот свет во езерото.
„Се надевам дека ќе добиеме подршка и од граѓаните затоа што сите знеме каква штета тоа би претставувало за езерото“, вели Борче Стефаноски од ЕД Грашница.
Против ваквата идеја на министерството за транспорт и врски е и локалната власт. Градоначалникот Петрески со замерки до надлежното министерство- дека носат одлуки без воопшто да се посоветуваат со локалната власт.
Ваквите реакциите пристигаат по најавата дадена од страна на Министерот за транспорт и врски, при неговата неодамнешна посета на Охрид. Јанакиески кажа дека изградбата на бензиска пумпа на брегот на езерото е неопходна поради потребите на пловните објекти чиј број од година во година е се поголем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град