Бејли: Македонија е добро позиционирана да може да учествува во активен туризам

Македонија е добро позиционирана да може да учествува во активен туризам, но потребно е многу да се работи на развивање на мрежите, за да придонеаст за квалитетна услуга, истакна американскиот амбасадорот Џес Бејли, на Балканскиот самит кој се одржува во Охрид. Со учество на повеќе од 300 делегати, експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, интернет блогери и други професионалци, заедно со 65 светски туроператори од А листата и 17 домашни агенции, денес се одржа работниот дел на „Adventure NEXT Balkans“.

 |  Николоска Биљана  | 

Луѓето во активниот туризам бараат култура, природа, автентични искуства кои доаѓаат од директните контакти со локалното население. Ако се земат предвид овие фактори,Македонија е одлично позиционирана за учество на активниот туризам, истакна американскиот амбасадор во Р Македонија Џес Бејли на конференцијата Adventure NEXT Balkan, кои од 10 12 мај се одржува во Охрид. Бејли, истакна дека американската амбасада со задоволство ја поддржува оваа конференција за развој на туризам која се подготвува 2 години и претставува составен дел од нивните напори во проектот за поддршка на мали бизниси.

„За развој на активниот туризам потребна е цела мрежа на мали претпријатија низ целата територија на Македонија како водичи, туроператори, угостители, хотелиери и слично кои што ќе учествуваат во процесот. Овие мали бизниси најчесто не се лоцирани во урбаните центри ниту во туристички атрактивните локации, туку напротив во руралните области, во националните паркови така што треба многу напор да се пристапи до нив. На овој начин се развива локалната економија затоа то преку активниот туризам студиите покажуваат дека од секој потрошен долар на туристите, 65 % останува на локалната економија за разлика од друдите видови на туризам, на масовниот туризам, на ол инклузив пакетите каде што максимум 17 проценти од потрошените средства на туристите допринесуваат до развој на локалната економија“ – истакна Бејли.

Дводневна конференција Adventure NEXT Balkan, под мотот “Знаење, партнерство, раст”, е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија а во соработка со Меѓународното здружение за активен туризам. Директорката Лела Крстевска истакна дека сите тур оператори биле презадоволни од она што го виделе вчера на отварањето, во типично македонски стил, со играта на КУД, прекрасна македонска храна како и дегустација на вино.

„Најголемите впечатоци доаѓаат од островот на змиите во Преспа. Туроператорите беа восхитени од тоа како може еден остров да биде не допрен од човечка рака и како може тоа да се види и истражува“.

Крстевска потенцираше дека размениле многу искуства со претставниците на странските медиуми како и тоа дека денес продолжуваат со панелите на конференцијата, во кои што ќе се третираат теми како преживување во природа, како да се понуди една туристичка дестинација, како да се задржи атрактивноста на туристичкиот производ , како најдобро да се исполнат очекувањата на конзументите на производите, а ќе се зборувало и за тоа како храната не поврзува сите нас. Брана Радосављевиќ од Лонли Планет, веќе била во посета на нашата земја.

„Јас работам со луѓе кои многу патуваат, но забележувам дека малкумина од нив го посетиле Балканот последнава деценија, отприлика и тоа би требало да се поправи така да во тоа е големата улога на медиумите и настаните како овој се идеални, бидејќи Балканот има многу да понуди што е многу слично на она што јас сум го видела во другите делови од светот, но луѓето едноставно не се свесни или немаат впечаток да добијат таков вид искуства, ако дојдат тука“ – нагласи Радосављевиќ.

Македонија е новата дестинација на англискиот туристички пазар, со своите неоткриени природни убавини и потенцијалот за авантуристички туризам. Илјадниците читатели на познатиот британски туристички магазин ,, Wonderlast Travel” од почетокот на годинава веќе ја изберале нашата земја за главна дестинација за годинава, вели Лин Хју од овај магазин.

„Македонија има многу што да им понуди на британците. Британските патници секогаш бараат нови искуства во природа, велосипедизам пешачење се што е поврзано со природните убавини“.

Впечатокот на светската асоцијација за авантуристички туризам, е дека Македонија позитивно се менува на полето на туризмот, посебно во туристичкиот сектор во рамките на менаџирање на ризици, а исто така и во квалитетот на услугите, како што истакна Крис Дојл извршен директор на АТTА. Може да се очекува дека присутните учесници на балканскиот самит за авантуристички туризам убавините на нашата земја ќе ги вметнат во своите понуди, додека пак новинарите ќе изготват текстови, како и репортажи кои ќе ги презентираат пред своите читатели а тоа дополнително може да допринесе нашата земја да ја посетат милиони потенцијални туристи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top