Нашата земја одлично одговори на поставената задача од ЕУ, да го регулира протокот на мигранти кои транзитираат низ нашата земја, вели истакнатиот професор од катедрата на факултетот за безбедност во Битола, Злате Димовски. Тој смета дека бранот на бегалци ќе се намали но ќе се интензивира проблемот со илегални преминувања, што како проблем за нашата земја ќе биде потежок да се реши.
Затворањето на балканска рута од една страна е добро, но од друга страна пак, иницира појава на илегални преминувања, сметаат експертите по безбедносни науки. Проф Злате Димоски, од факултетот за безбедност во Битола, вели дека посебно му е мило што нашата земја многу помогнала во справувањето со човечкото зло, миграцијата, од аспект на државен проблем, но од друга страна пак, иселувањето на луѓето од сопствените домови, не е лесно бидејќи нивната мака е предизвикана од создадената криза.
„Добро е што се постави тој браник, едноставно Европа си постави свои критериуми да се знае кој може а кој не може да влезе…едноставно ние бевме поставени на браникот на истата како да сакавме да ја одбраниме Европа, и според моите пресметки успеавме да ја одбраниме Европа од напливот на многу мигранти кои што можеа да и тропаат на нејзината врата, но од друга страна пак се истоштивме ние како држава“ – вели проф. Димоски.
Досега нашата земја била поставена во функција да го регулира протокот на мигрантите во нашата земја како транзитна зона, што како задача била добро реализирана, но следува потешкиот дел вели Димоски. Тој стравува дека во периодов што следи ќе се интензивира проблемот со илегални преминувања.
„Факт е дека целата граница не можеме да ја покриеме нити со технички средства нити пак со физичка сила, меѓутоа ќе се настојува да се интензивираат оперативните активности, да се работи на планот на осознавање на тие тајни премини, каде се тие т.н идеални патишта каде што можат да преминуваат, претежно Грција према Македонија и нормално да се движат низ територијата на нашата земја. Во таа функција целосно ќе биде поставено МВР и граничната полиција, сообраќајната полиција и сите оние оперативни служби кои што постојат во рамки на МВР“.
Димовски очекува дека бранот на бегалци ќе се намали бидејќи и Грција се поставила во функција да ги попречува доаѓањата на мигрантите, а исто така смета дека и Турција и Европа докрај ќе го испочитуваат договореното.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град