Се бара најдобар начин како да се спаси рибниот фонд

Охридската  пастрмка продолжува нелегално да се лови,  ја има во рестораните од двете страни на езерото, и на албанска и на македонска страна.

 |  Валентина Неловска  | 
ribolov
риболов

sostanok za ezeroОхридската  пастрмка продолжува нелегално да се лови,  ја има во рестораните од двете страни на езерото, и на албанска и на македонска страна. Ендемичниот вид и понатака е ставен на немилосрдно ловење и истребување. И по 6 години од донесената  забрана за нејзиното ловење нема подобрување во заштитата на рибниот фонд. Спортските риболовци алармираат дека ситуацијата со рибниот фонд е критична. Радован Димитриески прет. СРД Св Апостол Павле посочува  дека и покрај забраната  езерската полиција оваа година запленила само 1600 м мрежа и поднела 5 кривични пријави.

Албанскиот преставник од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро,  Аријан Мероли ги објасни досегашните преземени активности за заштита на рибниот фонд. Во споредба со минатите години драстично е намален бројот на албанските рибари и кајчиња, изградено е мрестилиште во Лин.

Во 2011 година се очекува со новите законски измени  казните за недозволен лов да достигнат до 15.000 евра, па дури да се изрекува и казна затвор. Но, сепак Мероли смета дека само со формирање заедничка администрација за заштит ана Охридското езеро може да се заштити  рибниот фонд.

sostanok za ezeroДејан Паноски, македонскиот преставник од  Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро се согласува дека рибниот фонд се уништува од двете страни. Негов  став е дека само со строго  управување со езерото може да се зачува рибниот фонд.

За драматичната ситуација со рибниот фонд денес на тркалезна маса седнаа преставници од повеќе надлежни институции. Се бара начини како да се спречи уништувањето на рибниот фонд.

Средбата беше организирана од  Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро и Спортско-рибиоловниот клуб „Св. Апостол Петар“.  На средбата покрај експертите од Македонија и Албанија, беа присутни инспектори од повеќе министерства, еколози, рибочувари од Охрид и Струга, преставници од Хидробиолошкиот институт и полицијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top