На пресекот од улиците Даме Груев и Богомилска, подолго време напуштена, куќа во распаѓање, се заканува по безбедноста на соседите и случајните минувачи.
На пресекот од улиците Даме Груев и Богомилска, подолго време напуштена, куќа во распаѓање, се заканува по безбедноста на соседите и случајните минувачи.
На само еден метар од оваа руинирана куќа се наоѓа домот на Азем Таироски. Тој загрижен кажува дека пред еден месец се срушил оџакот и дел од покривот кои паднале врз нивната куќа, но за среќа немало штета.
Под влијание на обилните дождови и снег куќата се повеќе попушта. Од руинираната куќа се ронат ќерамидите и паѓаат греди. Таироски сега стравува од пукнатините на целиот објект и од ѕидот кој е одвоен 10 см, и е без појас, а се заканува да падне и да предизвика материјална штета или човечки жртви.
ТВМ во неколку наврати пишуваше за оваа куќа опасна по безбедноста на минувачите, но и за сличните 60-тина во другите делови на градот. Досега само еден опасен објект е одстранет во старата чаршија.
Од општинскиот комунален инспекторат информираат дека инспекторатот поднел барање до секторот за урбанизам и просторно планирање за рушење на ваквите објекти. На потег сега е секторот кој треба да издаде решенија, врз претходно изготвен проект за рушење.
Портпаролот на локалната самоуправа истакна дека оваа постапка е во тек и се очекува решенијата да бидат издадени веќе од идната недела.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град