Прв степен на безбедност поради посетата на Бан Ки Мун

МВР подготвува прв степен на безбедност поради гостувањето на генералниот секретар на ОН.

 |  Маленкова Татјана  | 
ban ki mun
бан ки мун

Специјалци, снајперисти, униформирани полицајци, контрола од воздух, вода и земја.  МВР подготвува  прв степен на безбедност поради гостувањето во Македонија на генералниот секретар на обединетите нации, Бан Ки Мун.  Поради пристигнувањето на високиот гостин во земјава формиран е и командно оперативнен штаб.
Бан Ки Мун со неговото лично обезбедување пристигнува вечерва на охридскиот аеродромот Св. Апостол Петар. Низ градов ќе помине со новиот блендиран Мерцедес кој МВР го набави пред еден месец, вреден половина милион евра. Мерцедесот ќе го следат  моторцикли, а пред него како и за секоја владина висока длегација ќе поминат возила чистачи. Tрасата ќе биде обезбедувана со снајперисти, кои будно ќе следат се.
Припадниците на секторт за антитероризам уште вчера го исконтролирале целиот простор по која ќе се движи високиот гостин и се што ќе може да биде пречка во движењето или потенцијална опасност за безбедноста веќе  е отстрането. Тука спаѓаат и контењерите и паркираните возила.
Дознаваме дека се внимава дури и на храната која ќе ја конзумира високиот гостин, поточно пред да биде ban ki munпослужена истата ќе биде исконтролирана од страна на  вработените во секторот за хемиска, биолошка и радијациона заштита.

Високиот гостин во Охрид ќе биде само една ноќ, но и за ова кратко време набиената агенда ќе му овозможи и да оствари неколку значајни средби , но и да види дел од убавинита на Охрид.  Предвидено е првиот човек на светската организација  утре рано наутро во Вилата Билјана  да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по што ќе ги посетат  Плаошник, Галерија на икони, Св. Богородица Перивлепта и катедралната црква Св. Софија.

Од Охрид Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, ќе оди во Скопје. И овој пат, поради безбедност наместо по земја, Ки Мун ќе оди со авион.  Во главниот град предвидени се средби со премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Предвидено е Бан Ки Мун да се обрати и пред македонските пратеници. Според протоколот високиот гостин ќе присуствува на работен ручек кој го приредува министерот за надворешни работи г. Никола Попоски.

Генералниот секретар на обединетите нации, од Македонија  ќе замине за Сараево. Посетата на Македнија е во рамки на неговата неколкудневна посета на земјите од поранешна Југославија.

{loadpozition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top