• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бакрачески: Обезбедување на средства за подобрување на крајезерската инфраструктура е примарна цел за локалната

Бакрачески: Обезбедување на средства за подобрување на крајезерската инфраструктура е примарна цел за локалната

Градоначалникот Бакрачески се сретна со својот колега од Воден, Јану Димитриос во рамки на  проект Вотернет финансиран преку ИПА фондовите на Европската Унија.

 |  Мишел Наумоски  | 
poseta Voden

Bakraceski poseta VodenПрва официјална средба на градоначалникот Никола Бакрачески со неговиот колега од грчкиот град Воден, Јану Димитриос. Во рамките на посетата, градоначалникот Бакрачески присуствувал и на официјалната презентација на проектот „Вотернет“ кој го спроведуваат Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Универзитетот „Аристотел“ од Солун, чиј бенефит, општина Охрид го почувствува добивајќи ги средствата со кои се изградија 200 метри од пешачката патека кај „Студенчишта“. На средбата, градоначалникот Бакрачески истакнал дека примарна цел за локалната е добивање на срества преку овој проект со кои ќе се работи на подобрување на постојната и изградба на нова крајезерска инфраструктура, како и стекнување на искуство во аплицирањето за вакви проекти.

voternet proektСпоред презентираното, соработката треба да ги опфати двата града во делот на градба на информативни туристички пунктови, за што во Охрид е планирано да се изгради информативен пункт кој ќе има форма на едрилица, потоа медиумски активности за подигање на свеста кај населението за важноста на водата, со посебно внимание на ”Денот на рибарите” во Охрид и ”Фестивалот на водата” кој се одржува во Воден, како и настанот во Солун каде ќе се одбележи меѓународниот ”Ден на водите”. Инаку соработката со Воден на општина Охрид му отвора можност за заедничко аплицирање за проекти во вкупна вредност од 530 илјади евра како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top