• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бакрачески: Авио линијата Охрид-Белград преку аеродромот „Никола Тесла“ ќе не поврзе со многу дестинации

Бакрачески: Авио линијата Охрид-Белград преку аеродромот „Никола Тесла“ ќе не поврзе со многу дестинации

На неговата неодамнешна средба со менаџментот на компанијата Ер Србија било договорено интензивирање на комуникациите со цел финализирање на оваа иницијатива за авионско поврзување на Охрид и Белград.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid-belgrad

Можност за привлекување на уште поголем број на туристи од Србија, но и конекција со остатокот од светот доколку се оствари авио линијата Охрид-Белград. Ова се предвидувањата и очекувањата кои ги има локалната самоуправа по одржаната средба на делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Бакрачески и амбасадорката на Република Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко со генералниот директор на „Етихад“ групацијата односно „Ер Србија“, Дане Кондиќ. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој потенцира дека оваа средба дошла на иницијатива на „Етихад“ групацијата, вели дека воспоставување на оваа редовна линија би значела обостран бенефит.

avio linija Ohrid Belgrad„Охрид на тој начин би бил поврзан со голем број на европски дестинации од каде што ние понатака преку аеродромот во Белград би имале можност да доведуваме гости од други европски дестинации, а секако со нивната најавена линија Њу Јорк-Белград, која ќе започне да оперира пет пати неделно, почнувајќи од јуни оваа година, се создаваат можности за врзување со охридскиот аеродром доколку тоа во иднина се случи, доколку потпишеме договор, во тој случај се создаваат услови за привлекување на гости од прекуокеанските држави односно САД, како една можност и друга можност е да ја придвижиме нашата дијаспора од САД и од западните држави, кои што на полесен и поедноставен начин би дошле во Охрид.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески потсети дека ваква комуникација со менаџментот на „Ер Србија“ односно „Етихад“ групацијата била воспоставена и минатата година, но изрази надеж дека токму годинава ќе успеат конечно да ја воспостават таа директна линија помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ и аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

novi avio linii „Подготвеност има од менаџментот на „Ер Србија“ или „Етихад“ групацијата, се договоривме во наредните една до две недели да ги интензивираме комуникациите беше на еден начин поставена една платформа на неколку нивоа на која што треба заеднички да работиме од обостран интерес, „Етихад“ групацијата и се разбира општина Охрид на неколку полиња, кои што во наредните една до две недели ќе треба да се работи, се со цел да се финализира оваа иницијатива која повторно ќе кажам потекнува од „Етихад“ групацијата.“-рече тој.

Бакрачески вели дека општина Охрид е во постојана координација со министерството за транспорт и врски и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот околу авионското поврзување на Охрид со повеќе дестинации. Тој откри дека освен линијата со Белград, една од желбите на општината е авионско поврзување на Охрид со некој од аеродромите во северна Италија или северна Германија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top