Два современи трговски центри, катна гаража со најголем паркинг простор кој ќе обезбеди место за 100 возила во централното градско подрачје ќе добие градот со изградбата на свтобуската станица и затворениот пазар. Ова денеска го откри Градоначалникот во заминување Никола Бакрачески кој вршеше увид на локациите каде се изведуваат градежните работи.
Денес градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изврши увид на проектите кои што се во тек, а кои што се изведуваат од страна на Локалната самоуправа. Бакрачески најпрво се осврна на современиот затворен градски пазар. Според него пазарот ќе биде изграден во предвидениот рок за градба, со што ќе биде реализиран еден крупен проект кој години наназад им бил ветуван на граѓаните на општина Охрид. Исто така Бакрачески откри и детали за проектот околу изградбата на современата автобуска станица.
„Со проектот кој што ние постојано го презентиравме укажувавме дека во подземјето ќе има катна гаража за паркирање на 100 возила и тоа во моментов е најголемата катна гаража со најголемиот паркинг простор во централното градско подрачје кој се обезбедува со овој проект во Охрид. Она што повеќе радува во проектот за современата автобуска станица е дека според инвеститорите и информацијата која што денес ја добив тие веќе утре потпишуваат договор за партнерство со Џамбо Веро“.
Бакрачески истакна дека задоволен е од она што денес го видел на терен. Тука го спомна и проектот за реконструкција на улици во населбата Воска кој проект бил во завршна фаза.
„Можеби навидум изгледа мал, но со оглед на фактот што цели 40 години се чекало на негова реконструкција веројатно е многу значаен посебно за жителите на населбата Воска, а тоа се тротоарите на улицата Гоце Делчев кој што долги години беа руинирани, оштетени го оневозможуваа движењето на пешаците по нив“.
Градоначалникот во заминување спомна уште неколку проњкто кои се резулатат на четири и пол годишното посветено и одговорно менаџирање на Локалната самоуправа. Бакрачески се осврна на реконструкцијата на тротоарите која била при крај, велосипедската патека и дрворедите на бул Туристичка, а била изградена и дел од атмосферската и фекалната канализација. Во моментов се работело на изготовка на металните огради околу дрвата, а потоа согласно препораките на земјоделските експерти ќе биле заседени нови садници односно нови дрвореди кои ќе го красат булеварот по цела негова должина. Исто така Бакрачески рече дека посебно се гордее на изградбата на неколкуте пешачко рекреативни зони во градов кои биле на општо задоволство на охриѓани но и на бројните туристи кои го посетуваат туристичкиот бисер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град