Социјална заштита и грижа за ранливите категории граѓани, тема на денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Грација Бакраческа.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на изградба на детска градинка во Охрид, реконструкција на постоечките градинки и бесплатнен престој во градинка за сите деца од семејства со минимални приходи, порача денеска на прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Грација Бакраческа.
„Воведување и субвенционирање на здрава исхрана за учениците од прво до деветто одделение со ангажирање на експертиза од нутриционист, со цел да се создадат добри навики кај децата и да се заштити нивното здравје. Ќе обезбедиме стипендии за сите ученици и студенти од социјално загрозените семејства.“– рече Бакраческа.
Бакраческа најави дека доколку ја добијат довербата на граѓаните ќе се градат нови или ќе се реконструираат социјални станови за социјално-ранливите категории граѓани. Фирмите со вработени на кои им е потребно да исполнат услов до 15 години работен стаж за остварување на правото на старосна пензија ќе можат да извршат докуп на стаж, додаде таа.
„Ова право ќе важи покрај за формите во стечај и за активните даночни обврзници.За повозрасните наши сограѓани ќе обезбедиме домување во новоизградени домови за стари лица со современи услови за живот.Отворање на дневни центри за деца со пречки во развојот. Инклузија на децата со аутизам, за да можат подобро да функционираат во општеството. “ – посочи Бакраческа.
Воспоставување нулта толеранција за различните облици на насилство на кои се изложени жените со цел отказите поради бременост, помалку платениот труд, мобингот и насилството да останат во минатото, потенцира Бакраческа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град