Д-р Бакрачески: Време е за градење подобар Охрид

Тој рече дека не е доволно само да се сака Охрид, туку и неуморно да се работи за негово добро.

 |  Мишел Наумоски  | 
d-r Bakraceski
д-р Бакрачески

„Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани.

kandidat DPMNEД-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа.

„Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се работи за негово добро. Да се сака Охрид, значи бескомпромисна борба за секој камен од неговото минато, но и јасна визија за неговата иднина. Да се сака Охрид, значи да се направи се што е потребно за да им се остави на генерациите кои доаѓаат по нас, Охрид со сиот свој сјај.“-рече кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

flaeri BakraceskiД-р Бакрачески вели дека тој нуди посветеност, вистина и развој, но ја побара и подршката од граѓаните.

„Длабоко верувам дека заедно со вас конечно можеме да се посветиме на таа мисија, да го упатиме Охрид и неговиот развој во вистинска насока. Заедно со вас, почнувајќи од денес, да ја завршиме работата што треба да се направи за Охрид и да го одбраниме влезот на новото раѓање на нашиот град. Охриѓани заслужуваат поинаков Охрид. Охрид заслужува подобра иднина, светот и иднината го заслужуваат Охрид во сиот негов сјај.“-вели д-р Бакрачески.

Кандидатот за градоначалник воедно упати и покана до сите граѓани да присуствуваат на презентацијата на неговата и партиската програма за Охрид, која утревечер, во 18 часот и 30 минути ќе се одржи во просториите на Домот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top