Бакрачески: „Мора да ги почитуваме препораките на завод и музеј“

Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески во посета на НУ завод и музеј.

 |  Маленкова Татјана  | 
urbanisticki plan
урбанистички план

Целта на посетата беше првиот човек на Охрид  да се запознае со основните активности на оваа национална установа, и со основните принципи на  работа во делот на адекватната урбанизација на градот. Директорката на завод и Музеј Тања  Паскали Бунташеска новиот градончалник го запозна со начинот на изработување  на конзерваторски основи како  една појдовна основа за одобрување на нацрт плановите и понатака деталните урбанистички планови кои во иднина ќе бидат грижа на новата локална самоуправа.  „Само со една координирана активност  со оваа национална установа во иднина нема да ги правиме истите грешки кои во минатото беа правени и заради кои адекватната урбанизација беше попречувана“, истакна Бакрачески.

„Се запознавме и со проблеми кои во минатото се наидуваше при урбанизација на градот, со она што nikola bakraceskiзначеше непочитување на мислењето на оваа национална установа и заштитно конзерваторските основи и на управата за заштита на културното наследство и ние како идна локална самоуправа, како тим на советници и јас како градоначалник сите ве уверувам дека во иднина ваквите грешки нема да се повторат и мислењето на оваа национална установа мора строго да се почитува, се со цел да го заштитиме културното наследство, да ја заштитиме   архитектурата на Охрид и да изработуваме квалитетни урбанистички ешенија во иднина“, истакна, Никола Бакрачески.

Директорката на завод и музеј Тања Паскали Бунташеска новиот градоначалник го запозна со изработката на заштитно конзераваторските основи кои претставуваат главна смерница во натамошната урбанизација на градот.

„Ни претставува особена чест и задоволство затоа што градоначалникот е расположен да ги почитува нашите заштитно конзерваторски основи кои претставуваат еден голем труд, една голема анализа на секој еден простор да се урбанизира и се надевам дека ќе имаме многу добра соработка во иднина и пред се на градот. Како главен приоритет кој ќе треба општина Охрид да го изработи ќе мора да се направи тој нов детален урбанистички план за старото градско јадро врз основа кое е заштитено со закон за да може да се усогласи законот за Охрид со деталниот урбанистички план“, истакна директорот на завод и музеј,Тања Паскали Бунташеска.

nikola bakraceski На денешната средба стана збор и за плановита Табана и Ривиера за кои се крена многу прашина. Овие планови вели Бунташеска за нас не се законски донесени и мора да претрпат измени и да се усоглсат со нашите основи. Доколку се променат нема да има никаков проблем истите да бидат усвоени, вели првиот човек на завод и музеј. Новиот градоначалник Бакрачески вели дека во целост ќе ги почитува препораките на завод и музеј.

„Ние ќе мора овие два детални планови да претрпат измени согласно законот за Охрид и законот за заштита на културното наследтсво. Мора да ги почитуваме препораките на оваа национална установа“, истакна Бакрачески.

Бакрачески е категоричен дека Охрид мора да го задржи приматот град на Унеско и  мора и понатака строго да се придржуваме на препораките за заштита на културно наследство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top