Бакрачески им се заблагодари на охриѓани за големата подршка

„Во Охрид победи демократијата, во Охрид победи надежтта, во Охрид победија охриѓани“, истакна Бакрачески.

 |  Маленкова Татјана  | 
nikola bakraceski
никола бакрачески

„Охриѓани се мудар народ , Охриѓани се мудри луѓе. Охриѓани знаат што е вистина ,знаат што е посветеност , знаат што е иднина“ истакна новиот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески, на првото обраќање по големата победа во Охрид.
Тој на своите охриѓани им изрази  огромна благодарност  за големата поддршка што им ја дадоа вчера низ еден процес на мирни, фер коректни и достоинствени  избори.

„Вчера охриѓани направија разлика помеѓу иднината и досегашното назадување на градот , охриѓани  избраа nikola bakraceskiИДНИНА. Вчера во достоинствена и демократска атмосфера охриѓани дадоа глас на развојот  на напредокот и на чесното работење. На овие локални избори огромно мнозинство граѓани им покажаа на досегашната локална власт дека очекуваат Европски стандарди во работењето, а не патетични говори и омаловажување на Охридските цивилизациски вредности.  Им благодарам на сите оние кои како што кажа дека во Никола Бакрачески, неговиот тим и во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ја препознаа политичка сила која ќе треба во наредните 4 години да ја носи одговорноста за Охрид за неговиот развој и приклучување кон современите и напредните градови“, истакна Бакрачески.

Бакрачески  им се заблагодари и  на оние кои не им  дадоа поддршка заради некои свои определби, но рече дека е  убеден и дека верува дека во иднина и тие ќе ја препознаат победничката опција и дека во иднина реално ќе оценуваат кој постигнал повеќе. „ Поминавме сите заедно еден период на претставување на нашата програма, која понатаму ќе биде основа на нашата работа, без притоа да го спуштиме нивото на коректна политичка комуникација“, рече Бакрачески.

nikola bakraceski„ „Имавме сериозна политичка битка, сериозен предизвик. Од една страна бевме ние ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија кои целата кампања ја посветивме на граѓаните , презентирајќи програма, презентирајќи проект по проект кои се интерес на Охрид , промовирајќи мерки во интерес на граѓаните и промовирајќи позитивни вредности. Од друга страна имавме политички противник полн со негативна енергија, полн со изрази на навреди и омаловажувања, со изрази на манипулации и лаги, без дела, кој ширеше само негативност и мистерии. И тука се направи разликата. Доброто и позитивното секогаш на крај победувало и ќе победува. Волјата на граѓаните е да видат позитивна енергија и позитивна мисла.Доста е од ширење малициозности и тежини“, додаде нивиот градоначалник.

Бакрачески потенцираше дека Охрид е град на позитивни луѓе кои и во тешки времиња остануваат оптимисти и со верба во својот град.   Тој додаде дека како градоначалник и мнозинството на советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија  ги уверува граѓаните дека секој еден ден ќе му биде посветен на Охрид.
„Од денес Охрид припаѓа на сите кои ќе се гордеат со својот град , од денес Охрид ќе се врати на картата на градови кон кои ќе се зборува со респект ,град кои ќе се врати на картата на значајни и познати туристички дестинации“, рече Бакрачески.
Тој уште еднаш повтори дека од веднаш штом ја превземе работата во локалната самоуправа ќе се направи ревизија на она што се работели изминативе 8 години, со цел да се знае од каде почнува, и кои се нивните обврски и должности, затоа што граѓаните заслужуваат да видат отчет на сето она што досега се работело“, категоричен е Бакрачески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top