Оптимистички најави на градоначалникот на Охрид, околу средување на дел од проблемите кои се однесуваат за патот, патната сигнализација, како и осветлувањето кај Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид.
Како што ТВМ неодамна информираше, пристапот до реномираната Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид, е комплициран за пациентите кои доаѓаат од другите градови, бидејќи нема ниту една сообраќајна ознака која ќе ве одведе таму. Исто така пристапниот пат до таму е изрешетан со ударни дупки, а во ноќните часови лесно може овој комплекс да го одминете затоа што не е осветлен. градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески со оптимистички најави во врска со ова.
„Ние сме во постојана комуникација со Агенцијата за патишта и постојано ги известуваме и ги координираме активностите околу реализација на оние прашања за кои сметаме дека е потребно да бидат решени во иднина, така и за осветлувањето и на сите точки кои што сметаме дека се неадекватно осветлени а кои се надлежност на Агенцијата за патишта имаме најава дека сите тие активности ќе бидат реализирани во текот на оваа година од страна на Агенцијата, така да не се сомневаме дека она што е договорено ќе биде реализирано“ – вели Бакрачески.
Се очекува до крајот на годинава да бидат надминати проблемите, бидејќи како што најави директорот на болницата Митко Тилески интервентната кардиологија при Заводот за кардио васкуларни заболувања до јуни месец годинава ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град