Бакрачески: На Охрид му треба универзална сала

На Охрид му е потребна универзална сала, реновирање на летната бавча, а пред се враќање на културниот збор и нарушеното достоинство. Тоа се дел од моите идни цели, како иден градоначалник на Охрид, најави Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
Bakraceski
Бакрачески

BakraceskiВраќање на културата во градот со изградба на репрезентативен објект, Универзална сала, посебен приоритет на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата , Др Никола Бакрачески. „Културата во Охрид е заборавена и се чуствува застој во културната понуда и културниот живот, нагласи Бакрачески. Тој потсети дека не треба да се заборави оти Охрид е изворот на културните и традиционални вредности, место од кое почнуваат многу процеси во културата, а со тоа и во политиката и целокупното живеење.

„За таа цел еден од нашите позначајни проекти во овој сектор ќе биде изградба на повеќенаменска универзална сала, со Конгресен центар во кој ќе се оддржуваат голем број на културно уметнички манифестации, збиднувања, театарски претстави, концерти, балети и опери и во рамките на салата ќе функионира конгресен центар со што ќе овозможиме продолжување на конгресниот туризам преку цела година“ – потенцираБакрачески.

BakraceskiЌе ја вратиме душата на летната кино бавча која е во рамките на Центарот за култура, најави Бакрачески.  Додава дека тоа катче ќе прерасне во достојно место за одржување на манифестации и фестивали, со еден збор Охрид мора да блика од културни настани не само заради туристичката понуда туку и за охриѓани.

„Вториот позначаен проект во овој дел ќе биде реконструкција и реставрација на летната кино бавча во Охрид, со што конечно ќе можат да почнат кино проекции за време на летната сезона покрај тоа тука ќе се одржуваат театарски претстави, концерти секако и ликовни колонии“-рече Бакрачески.

Финансиски и организациски силно ќе се поддржува  НУ Охридско лето која во изминативе 52 години имаше еден растечки тренд, потенцира Бакрачески. Покрај инвестициите во културата, Бакрачески како уште поважна задача и инвестиција за Охрид ја нагласи неговата намера да се заложи за враќање на културниот збор и нарушеното достоинство на Охрид. Ова бил и ќе биде горд град, заврши Бакрачески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top