Денес, во Основниот суд во Охрид, изнесен доказниот материјал од несреќата. Покрај увидот во Експертизата за пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, пред судот беше направен увид во обемен доказен материјал. Така, само од фото документацијата, беа приложени повеќе од 200 фотографии од бродот, од кои стотина беа подводни, направени после несреќата, како и неколку направени за време на самото потонување на бродот. На увид беа дадени и извештаите од Општата болница –Охрид, како и обдукционите протоколи од Институтот за судска медицина од Скопје. Исто така, пред судот беше даден на увид, записникот од извршениот редовен преглед од комисијата за утврдување способност на пловидбени објекти во РМ.
Адвокатите на одбраната на првообвинетиот, капетанот Сотир Филевски, изјавија дека од денес изведените докази, посебно од двата сертификати за техничка исправност, како и издадените дозволи за пловидба во 2008 и 2009 година, се гледа дека бродот „Илинден“ бил технички исправен во целост. Меѓутоа, од одбраната имаа забелешки во врска скиците за реконструкција на бродот, направена од страна на АДГ „Трудбеник“. Така, во деведесттите од АДГ„Трудбеник“ направиле реконструкција на „Илинден“ врз основа на проект кој самите го изработиле. Прашање е како надлежните тогаш издавале дозвола за пловидба, со документација за таква реконструкција, велат од одбраната на првообвинетиот Филевски.
„Филевски го купил бродот со комплетна документација за пловење, после биле направени технички прегледи, така да немало теоретски шанси, Филевски да претпостави дека нешто не било во ред со бродот од самиот старт“, дециден е Цобоски.
Одбраната на второобвинетиот Бранко Баиќ пак, бара писмена гаранција дека Баиќ нема да биде притворен доколку се појави во судот. Тие, во декември месец 2010 доставиле до судот две писмени барања во кои барале судот да издаде писмена гаранција, дека Баиќ нема да биде притворен доколку се појави во судот и во својство на обвинет да ја даде својата одбрана, изјави адвокатот на второобвинетиот, Драган Тоневски.
„Судот со два писмени дописи не извести дека нема да даде таква потврда со образложение дека Законот за кривична постапка не предвидува таква можност“, вели Тоновски.
Тоневски додаде дека станува збор за елементарна правна сигурност, бидејќи Баиќ се сомнева дека ќе биде притворен доколку се појави пред судот. Тој се произнесол дека не е виновен, а досега е сослушан за потребите на истрагата како сведок, но не како обвинет. За докази за сомневање за евентуално негово притворање, сега е прерано да се зборува, иако би било добро тој да се појави на судењето, потенцира аддв.Тоновски.
„Досега од доказите кои се изведени во постапката, неговата одбрана не наоѓа елементарни услови за да биде притворен.
Што се однесува до можноста од проширување на постапката, Тоновски додаде дека ако до тоа воопшто дојде, сега е крајно време тоа да се случи, бидејќи процесот веќе трае 1,5 година, а доколку до тоа дојде, истото ќе значи растеретување за двајцата обвинети. Денешниот, петти претрес од судскиот процес, продолжи со изведување писмени докази од истражната постапка, а беше презентиран и неколкучасовен видео материјал, кој треба да помогне во разјаснувањето на најголемата бродска несреќа во Македонија. Во бродската несќа која се случи на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро загинаа петнаесет бугарски туристи. Следното рочиште од процесот за потонувањето на бродот „Илинден“ е закажано за 7-ми април годинава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град