Ажурноста на охридскиот катастар се подобрува смета директорот на дражавниот завод за геодетски работи.
Сепак граѓаните и понатака се жалат на изгубено време и потрошени нерви во одделенито за катастар.
Директорот на државниот завод за геодетски работи, Љупчо Ѓорѓиески е задоволен од промените во одделението за катастар. Тој признава дека во изминативе две години на средбите со граѓаните имало голем број нерешени работи.
Мислењето на директорот Ѓорѓиески не го делат граѓаните кои имаат несредени работи во одделението за катастар.
Директорот на државниот завод за геодетски работи Љупчо Ѓорѓиески изјави дека во катастарот има поедини случаи кои не се решени, но од катастарот ќе се потрудат пропустите да бидат елиминирани.
Во охридскиот катастар, Ѓорѓиевски вели:
„Има предмети кои не се во нивна во надлежност туку на новоформираните приватни геодетски служби. Со нивна помош се очекува зголемување на ефикасноста при решавање на предметите. Приватните геодети се партнери во работата на државниот завод за геодетски работи кои треба да ги вршат работите на терен и за кои имаат лиценци.“
Ѓорѓиески најави дека ќе се организираат повторно средби со граѓаните за да се чујат нивните проблеми, но со цел да се решат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град