Успешно е ажирирана листата на која може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата.
Успешно е ажирирана листата на која може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата.
Посетете ја интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk, и проверете дали исполнувате услови, за да добиете 6000 денари. Проверката се врши по следнава насока: Внесете го вашиот ЕМБГ, селектирајте го полето i’m not a robot, и потоа кликнете на Пребарај.
По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Важно што треба да знаете е следново:
Парите се наменети за ранливи категории. Нема да се изработуваат нови платежни картички, туку средствата ќе се исплатат на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата.
За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град