Автопатското поврзувања Охрид, Струга, Кичево се поизвесно. Охрѓани задоволни од оваа иницијатива на Владата на РМ. Патот ќе се гради со пари од Ексим банката на Народна Република Кина.
Добрата патна инфраструктура еден од најважните услови за развојот на туризмот во регионов, велат експертите. Гостите кои доаѓаат во Охрид со автомобил најмногу се жалат на состојбата на патиштата низ државава. Автопатското поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево кое се најавува веќе подолго време, се поизвесно. Граѓаните на Охрид и туристите со нетрпение очекуваат да се направи овој патен правец.
Претседателот на Владата Никола Груевски во Собранието на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање од охридскиот паретник Александар Николоски ги обелодени деталите околу реализацијата на автопатското поврзување на Охрид, Струга и Кичево. Премиерот кажа дека заемот за автопатот од 57 километри е во завршна фаза на одобрување во рамки на Министерството за трговија на Кина под поволни услови. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период. Се очекува патиштата да почнат да се градат 3 до 4 месеци по одобрување од македонското Собрание, зависно од почетокот на градежната сезона и временските услови. Се очекува договорот за заемот да биде даден на ратификација во Собранието на Република Македонија во текот на месец октомври или ноември.
Очекувам и опозицијата едногласно да ја изгласа одлуката за изградбата на автопатот бидејќи бенефитот е за сите грѓани на РМ, рече пратеникот Александар Николовски.
Инаку, Ексим банката на Народна Република Кина и Министерството за трговија веќе одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри. Износот на инвестциијата во овој и автопатот Охрид Кичево ќе изнесува 574 милиони евра без ДДВ, а рокот за изградба е три години од почетокот на градба. Оваа инвестиција ќе значи многу како за подобрување на поврзувањето на овие градови така и за развој на туризмот и стопанството, но најмногу ќе им значи на странските инвеститори кои се заинтересирани за овој регион.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град