Автобусот на EU пристигна во Велгошти

Со него претставници на Делегацијата на Унијата, амбасадите на земјите членки и Секретаријатот за европски прашања.

 |  Голабовски Крсте  | 
avtobus EU
автобус ЕУ

Европа пристигна во Велгошти. Автобус на Европската Унија со претставници на Делегацијата на Унијата, претставници од амбасадите на земјите членки, како и Секретаријатот за европски прашања, денес го посетија Основното училиште „Живко Чиннго“  во Велгошти. Основците од ова училиште со добри предзнаења за тоа што претставува Европската Унија.

ucenici„ЕУ, е унија на земји членки, Седиштето е во Брисел, брои, 27 членки, создадена е во 1958“, велат учениците.

Г-дин. Роберт Лидел, Заменик на Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, кој воедно беше дел од делегацијата која го посети Велгошти, информира дека е многу важно што на овој начин се остварува директен контакт со младите, со децата, бидејќи тие се иднината. Тој потенцира дека можеби најважната компонента од ваквата посета е тоа што на овој начин ќе се слушнат мислењата и ставовите на луѓето, посебно на оние од руралните средини. Лидел, позитивно изненаден од информираноста на македонците за тоа што претставува ЕУ и кои се погодности таа ги нуди.

Robert Lidel„Јас се изненадив колку, селаните од руралните средини знаат за ИПАРД програмата и за различни фондови и тоа ме прави среќен, меѓутоа тоа што им недостасува е контактот, ние сме во Скопје а тие се во селата и тоа може да има мал простор за подобрување“ објаснува Лидел.

Целта на оваа активност, организирана од Делегацијата на Европската Унија е да се оствари директна комуникација со граѓаните од руралните области, но и подетално да се запознаат со можностите за искористување на фондовите од ИПА и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата. Автобусот на ЕУ ќе посети 10 села низ Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top