Двоспратниот панорамски автобус се провоза низ Охрид.
Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус. „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано. Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.
„Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој современ автобус, за кој што според најавите од владата, а и на наша иницијатива веројатно ќе добиеме уште два вакви автобуси и со три возила ќе имаме комплетна можност да им овозможиме на туристите панорамско разгледување. Со тоа сметаме дека ќе ја подобриме туристичката понуда“, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
И туристичките работните задоволни од панорамскиот автобус. Тие се сложуваат дека ваков автобус требаше одамна да имаме, но апелираат сега кога конечно го добивме, да го користиме.
„Гестот од Владата и пристапот од градоначалникот за прифаќањето на поклонот е добар, автобусот како понуда е добра, но се зависи од тимот треба да изменаџира да направи програми и истите да бидат понудени. Доколку автобусот остане да стои во гаража паркиран, го имавме се повозавме, тогаш нема ништо, но пак зависи од тимот кој треба да го менеџира делот за туризмот. Меѓутоа каде може да го вклопи, какви програми да направи и колку тие програми ќе бидат достапни до гостите кои престојуваат и во приватниот смештај и во хотелите“, вели претседателот Дончо Танески.
Инаку трасата по која ќе се движи панорамскиот автобус сеуште не е одредена. Се чека извештајот од стручните служби кои се занимаваат со сообраќајни решенија да изнајдат најдобро можно решение за обиколка на градот.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град