„Нема поголема радост и доказ за успехот на еден доктор, кога ќе допринесе еден млад живот да се врати во реалноста, вели д-р Горан Балев.
Шест годишно аутистичното дете првпат проговорило по третманите со чист кислород под притисок во Општата болница во Охрид. Покрај детето и родителите, најзаслужни за овој успех се Д-р Горан Балески и д-р Ристо Медароски, кои работат на хипербаричната комора. „Аутизмот е патолошка појава на организмот која се класифицира како психичко растројство кое се манифестира со отсуство на комуникација и присуство на сиромашни и стереотипни активности. За последниот успех во користењето на хипербаричната комора, д-р Балевски вели:
„Кај пациентот што проговори беа направени 50 третмани по 70 минути, под притисок од 1,5 бари. Петнаесет минути имаше покачување на притисокот, 50 минути тераписко дејство на 100 отсто кислород, а потоа следеше 5 минути спуштање на притисокот во комората. Со ваков третман состојбата кај детето се подобруваше од ден на ден и, по 11-тиот третман тоа за првпат проговори. Немаше крај на нашата радост. Ова првпат го доживеав како доктор“, вели Балев.
„Со деца почнавме да работиме пред 6 месеци“, додава докторот. Морам да признам дека имаме голем проблем кога работиме со нив, затоа што прво детето треба да прифати да соработува со нас. Кога работиме со деца мора целата комора да ја наполниме со 100 насто кислород“, додава Балев.
Натамошната грижа за детето ќе ја преземат други лекари таму каде што живееат. Според родителите пред да дојдат во Охрид, претходно биле и на друга терапија, а за чудата кои може да ги направи хипербаричната комора слушнале од нивни пријатели.
Инаку хипербаричната комора во Охрид е донесена пред шест години. Таа е донација од фирмата ФЛУИД, за нуркачите од Охрид. Но како што вели д-р Балев, комората се користи максимално, но само здрвствени цели.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град