Осум руски тенори ќе пеат за роденденот на „Охридско лето“. Со ексклузивниот гала концерт пред македонската публика ќе се обидат да го оправадаат епитетот „Тенори на 21 век“.Димитар Сибирцев – уметнички раководител вели дека не станува збор за ансамбл, туку за група уметници индивидуалци,кои се обединиле пред пет години, секој со единствени вокални способности, многу слично на некогашниото трио Павароти, Доминго и Карерас.
„Јас сакам да кажам дека ние правиме нешто дури и кога се прават вакви проекти и два тенори на сцена има проблеми, како да има некој двобој, а што да кажиме кога осум тенори се на сцената како да има војна, но и покрај тие предизвици сакаме тоа да го направиме“ вели Сибирцев.
Александер Богданов, Александер Скварко, Михаил Урушов, Александер Захаров, Максим Пастер, Сергеј Писарев,Михаил Урушов, Георги Фараџев, се тенорите кои се дел од овој извонреден музички проект. Секој од нив солист во некоја од московските оперски куќи и театри. Покрај настапите во својата земја овие уметници може да се видат и на сцените на најпрестижните светски оперски сцени како Милано, Болоња, Лондон, Њујорк, Токио и други. Но, сепак и покрај бројните настапи насекаде низ светот, тенорите не останаа имуни на убавините на нашиот град.
„Јас би сакал да ви кажам дека навистина утрешниот концерт ќе биде нашиот последен концерт во оваа сезона и некои од нас го прекинаа својот одмор, само за да дојдат тука и да бидат на ова место кое не плени со таа своја убавина и ние сме навистина задоволни што тука ќе ја завршиме нашата сезона годинава“ додава уметничкиот ракводоител.
„Тенорите на 21-от век“ имаат издадено повеќе повеќе од десет солистички албуми, со дела од италијански композитори и руски народни песни. Вистински куриозитет е содржината на вечерашната програма, каде освен делот со класичната програма ќе се најде и популарна музика со копозициите „Воларе“, „Нон ти скордар ди ме“, „Ариведерчи Рома“, „Ла дона е мобиле“, „Мама“, „Би мај лав“ и најпознатата руска народна песна „Калинка“.
Пред 51 година на 4 август 1961 година со концертот на оперската дива Ана Липша Тофовиќ, се случи првото издание на фестивалот „Охридско лето“. Оттогаш, од година во година фестивалот се развива по нагорна линија, профилирајќи ја својата физиономија во манифестација која денес претставува пример како треба да се негува и одржува еден фествивал, кажа Илија Мојосовски претседател на фестивалот.
Зоран Летра, претседателот на управниот одбор на фестивалот потенцира дека низ историјата на културниот развој на нашата држава, најблескавото место му припаѓа на фестивалот „Охридско лето“, заедно со бројните прикажувачи на безвремената уметност кои оставиле печат на нашите животи.
Охридско лето веќе 51 година е самитот на светската култура, собрана на едно место во срцето на Европа, во Македонија, во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град