• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Атрактивен дочек на туристите на Заливот на коските, со охридски бисер и коктелот ЕДЕН Бисер

Атрактивен дочек на туристите на Заливот на коските, со охридски бисер и коктелот ЕДЕН Бисер

Голема посетеност на Охрид по повод осми март најавуваат туристичките работници од градов. За тоа придонесува креативноста на охриѓани кои со низа брендови успеаја да примамат голем број туристи посебно од соседните земји. Денес на Заливот на коските по петти пат туристите го бараа охридскиот бисер, но за прв пат го вкусија новобрендираниот напиток ЕДЕН Бисер.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Јубилејна година на традиционалниот настан „Пронајди го охридскиот бисер во Заливот на коските“. И годинава по повод Денот на жената 8 ми март, по петти пат туристките од Црна Гора го бараа охридскиот бисер во куќичките од наколната населба на најпосетуваниот локалитет на охридското крајбрежје. Данијела Лаховиќ никогаш нема да го заборави овој локалитет каде за прв пат доаѓа, бидејќи беше најсреќна и успеа да го пронајде охридското богатство, прочуениот бисер.

„Не очекував вакво нешто. Дојдов само на излет во Охрид навистина благодарам на сите. Охрид е познат по бисерите“ – вели Лаховиќ.

Годинава туристите од Црна Гора беа пречекани со новиот охридски брендиран пијалок ЕДЕН Бисер. Нивните импресии се големи, велат дека чуствуваат добредојдени, посебно се восхитуваат на убавините кои ги крие нашиот град но и изненадувањата кои домаќините им ги приредуваат често.

„Ние доаѓаме од Подгорица Црна Гора, главно доаѓаме на сите празници кај вас тука во Охрид, но и повеќе од тоа, главно еднаш месечно има по една тура туристи од Црна Гора кои доаѓаат да го посетат Охрид. Навистина овде е прекрасно, гостопримството е на многу високо ниво, лично се заблагодарувам на македонскиот народ на градот Охрид“ – велат гостите од Црна Гора.

За изненадувањата кои ги приредија домаќините кои ги пречекаа првите гости за Денот на жената, со размислување.

„Оваа година направивме посебно изненадување на туристите ќе ги послужиме еден пијалок кој симболично се вика ЕДЕН Бисер. Овој пијалок е изработен од туристичкиот кластер Охрид и семејството Филеви каде што изработивме една мешалка со бисер која останува за подарок и сувенир на гостите кои ќе му будат убави спомени на нпрекрасниот Охрид и културата на Македонија“ – изјави Михајло Филев, изработувач на оргинален охридски бисер

Туристичкиот водич Љупчо Јузмески, најавува солидна посетеност на Охрид за осмомартовското одбележување.

 

„Оптимално над 70% ќе бидат исполнети капацитетите на Охрид, според податоците кои ми се познати, секоја година е се повеќе и повеќе овој 8 ми Март ќе биде оптимален како и минатите години и најмногу ќе имаме гости околните држави, Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора“ – вели Јузмески.

Очигледно денешниов ден и преубавото сончево време добро им послужи на туристите. Тие уживаа во една незаборавна дружба и настан кој ќе го добро ќе го паметат, а секако за ова доживување и ќе има и што да раскажуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top