Запленети 15 килограми на опојна дрога, марихуана во Љубаништа.
Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид.
Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во близина на лозјата на илегалната патека. Одземената марихуана ќе биде доставена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Охридската регионална граничната полиција презема мерки за утврдување на идентитетот на две лица најверојатно албански државјани, кои синоќа ја пренесувале марихуаната.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град