СЕ УРЕДУВАAT УЛИЧНИТЕ ДРВОРЕДИ ВО ОХРИД

Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ започнаа активности за уредување на дрворедите и зеленилото на сообраќајниците во градот.

 |   | 

Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ започнаа активности за уредување на дрворедите и зеленилото на сообраќајниците во градот.

Денеска се вршеше кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки на дрворедите на булевар „Туристичка“ и на улица „АСНОМ“. Исто така екипите извршија и отстранување на едно поголемо старо дрво пред Центарот за култура „Григор Прличев“ кое претставуваше опасност за минувачите.

Уредувањето на дрворедите е дел од тековните и сезонски активности на јавното претпријатие, кои се предвидени за овој период од годината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top