Покрај асфалтирањето, работат и на изградба на канализационата мрежа на главната улица која минува низ селото.
Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно.
Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец.
„Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали сте поминале сега натаму, овој патен правец е целосно проширен и целосното проширување оди на товар на општина Охрид. Ние со градежните работи ќе продолжиме, во меѓувреме треба да се направи една врска помеѓу долната зона што е кон училиштето каде веќе е изградена канализацијата и поврзување на истата со главниот систем.“-вели раководителот на Одделението за сообраќај и улици при локалната самоуправа, Зоран Шикалески.
Досега комплетно асфалтирани се три улици во Лескоец, а т.н Скребатска улица, покрај проширувањето ќе добие и граничници. Шикалески додава дека активностите на локалната продолжуваат со доградба на водоводниот систем и на канализационата мрежа.
„На таканаречената „Скребатска улица“ каде што се заврши сега асфалтирањето, сите попречни улици што се лево и десно, а кои се завршени комплетно со канализациона мрежа и со нова водоводна линија, ќе извршиме комплетно асфалтирање на сите тие краци и ќе треба да продолжиме. Ни остана уште главната улица низ селото што поминува, каде што сеуште не е опфатена со канализациона мрежа и каде што ќе треба да започне изградба на оваа мрежа.“-додава Шикалески.
Шикалески вели дека проектот на Европска банка за рехабилитација на патниот правец Лескоец-Скребатно и проектот на локалната за проширување на истиот, се два независни проекти и смета дека не смее да се дозволи да се чека довршување на едниот проект за да се почне со другиот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град