Асфалт или и понатаму ќе голтаме прашина?

Раскопаните тротоари на  Булевар Туристичка  под знак прашалник  дали наскоро ќе бидат асфалтирани. ТВМ за несанирани тротоари информираше пред два месеци.

 |  Валентина Нелоска  | 
raskopani trotoari
раскопани тротоари

raskopani trotoariРаскопаните тротоари на  Булевар Туристичка  под знак прашалник  дали наскоро ќе бидат асфалтирани. ТВМ за несанирани тротоари информираше пред два месеци. Просторот и по  два изминати месеци не е саниран од завршување на зафатите прекоп од страна на Телеком. Тротоарот и понатака е оставен раскопан и прекриен со прашина и им смета на пешаците. Пред Велигден од Телеком ветија дека троторите ќе бидат санирани најдоцна до Првомајските празници, а  доцнењето го првдаа  бидејќи чекале да проработат асфалтните бази. Ветувањето дадено тогаш  не го одржаа.

Од Фондот за комунален равој информираат дека во тек се преговорите со изведувачот за поставување асфалт. Најавуваат дека проблемот ќе биде решен  до крајот на оваа недела.

raskopani trotoariПред два месеци и од општинскиот инспекторат ја истакнаа обврската на инвеститорот да ги врати  тротоарите во првобитна положба по завршување на градежните зафати.  Раководителот на главниот општински  инспекторат тогаш најави во спротивно  следува прекршочна пријава доколку инвеститорот не го врати тротоарот во првобитна состојба.

Телеком на потег од двете страни на Булевар Туристичка поставуваше оптички кабел во должина од 3 км. Стопирање на грдежните работи најавија пред почетокот на туристичката сезона се до крајот на август. Од септември ќе продолжат со поставување на оптички кабел во населбата Христо Узунов.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top