Арман, македон е името на власите каде и да се

Власите од Р. Македонија денес го одбележуваат 23 мај,  Националниот ден на власите. Во Охрид има околу 400 влашки семејства. Сеуште голем дел од власите во градов не се декларираат, вели претседателот на влашкото здружение „Луњина“, Драган Коровешоски.

 |  Николоска Биљана  | 
nosii
носии

korovesoskiВласите не боледуваат од национализам, живеат во различни држави, секаде лојални на државата и се што направиле било резултат на заедничкото живеење, истакна претседателот на здружението „Луњина“ од Охрид Драган Коровешоски.  Денес власите од цела земја го прославуваат 23 мај, националникот ден на власите. За правата на власите зборуваше Коровешоски.

„Р. Македонија е единствена држава во светот која ги признала Власите, за разлика од РМ власите во сите други држави побарале признавање при што онаму каде што се најбројни во Грција и Романија, сеуште немаат добиено нивно признавање, дури напротив се води некоја политика власите да бидат присвоени, декларирани како романци или грци, па и од страна на сите други држави секој ги нарекува со посебни називи иако власите меѓусебе секогаш се нарекуваат арман, арман, македон. Така да тие се некои политички конотации во рамките на Балканот бидејќи голем дел од минатото, од историјата припаднале на влашки творци, здруженија и голем дел од иницијативите потекнале од културното живеење на власите“ – изјави Коровешоски.

panoskiНационалниот ден на сите власи го честиташе Дејан Паноски, од име не Комисијата за одбележување на празници и манифестации која функционира во рамките на Советот на општина Охрид. Моментално во охридскиот совет има 2 претставници од влашката заедница, па според тоа, Паноски нагласува дека оваа заедница има позиции квалитетно да се вклопи во сите напори за просперитет на Охрид и земјава.

„Власите отсекогаш биле дел на заедницата во Охрид, отсекогаш со своето чесно работење придонесувале за развојот на градот и тоа така ќе остане бидејќи тоа е еден специфичен начин на воспитание кој што го наследиле од своите родители. Охрид во овој период презема мерки за еден нов развој за просперитет, секако дека власите ќе бидат дел од тој просперитет преку своето работење, знмаење и конструктивност кон општеството“– вели Паноски.

Со одлука на Лигата на власите овој ден е прогласен за национален празник бидејќи во 1905 година овој народ бил признат од султанот Абдул Хамид, со указ- Ираде, кој бил донесен на 23 мај, а објавен на 24 мај. Централната манифестација по повод денот е во Скопје додека пак во Охрид по повод одбележување на овој ден се одржува свечена академија во салата на Охридско лето. Исто така прослава на власите има и во текот на летниот период, односно двете друштва од Охрид и Струга ја организираат културната недела во која има фолклорни концерти и изложби со цел презентација на културниите вредности на власите на најдобар начин.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top