Вредно археолошко откритие откопано кај локалитетот Горна Порта. Од управата за културно наследство го потврдија случајот, но не откриваат детали.
Вредно археолошко откритие откопано кај локалитетот Горна Порта. Од управата за културно наследство го потврдија случајот, но не откриваат детали.
Големо археолошко откритие пронајдено е денеска на локaлитет кај Горна порта.
На местото каде што се смета дека е пронајден значаен артефакт присутна е бројна археолошка екипа која ја предводи директорот на управата за заштита на културното наследство и археолог Паско Кузман.
Надлежните само потврдуваат дека навистина станува збор за голем пронајдок, но не сакаат да откријат за што станува збор.
Дека кај Горна порта е пронајдено нешто многу значајно говори и пoдатокот дека локалитетот го посети и претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој во Охрид се наоѓа по повод 23-от Охридски пливачки маратон. Наофицијално ТВ М дознава дека станува збор за златен гердан од 40 до 50 сантиметри и други многу вредни златни предмети 4 или 5-тиот век пред нашата ера.Пронајдените вредни археолошки наоди на локалитетие во Охрид само го потврдуваат континуитетот на живеењето и развојот на цивилизацијата овие простори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град