Апел: Помогнете и на нашата сограѓанка Билјана Јанеска да ја добие најважната битка

Билјана Јанеска се лечи од малиген меланом за кој треба да прима скапа и долготрајна терапија.

 |  Мишел Наумоски  | 
apel
апел

Храброста не е во победите, храброста е во силата да се стане после секој пораз и да се продолжи борбата. Тоа го знае нашата сограѓанка, самохрана мајка на две малолетни деца, Билјана Јанеска. Насмевката на нејзиното лице уште при првото ракување, ви дава до знаење дека во неа има храброст, истрајност, и желба за живот. А нејзиниот живот е  една непрекината низа на борби и предизвици. Последната и е најтешка, борбата за својот сопствен живот. Малигниот меланом кој и бил дијагностициран пред шест месеци и го задава најтешкиот удар. За да победи Билјана, потребни и се парични средства со кои ќе треба да прима терапии во Унгарија. Таму треба да замине во Април а дотогаш само за почетниот третман, потребно е да се соберат околу 10.000 евра. Нејзиното лекување е скапо и долготрајно, но таа вели дека вербата во Бога, нејзините две деца, и хуманоста кај луѓето и даваат сила да ја продолжи својата борба.

Biljana Janeska apel„Животот не е секогаш бајка. Досега сум морала да се бoрам и носам со многу проблеми, како во приватниот живот, така и во работата со обезбедување егзистенција за мене и моите две деца. Животот ми зададе уште еден удар, да се борам со многу тешка болест. Поминав три тешки операции, но потребно е да го продолжам лекувањето за кое ми се потребни многу средства. Затоа барам помош од сите хумани луѓе.“-вели Билјана.

Билјана вели дека силата да истрае ја црпи од времето поминато во манастирот „Св.Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Мирот, природата, вербата во Бога, но и неизмерната помош од монахињата Елисавета и биле постојана утеха. Себеси се гледа како некој што настојува да мисли добро за луѓето, подготвена да помага. За тоа сведочи нејзиниот ангажман како волонтер во хуманитарни организации. Но сега нејзе и е потребна помош за како грижлива мајака да продолжи да ги расте, воспитува и да им се радува на своите две деца. За денот на жената, Билјана реши да им упати порака токму нив, на жените, на мајките.

„Велат дека здравиот човек има илјада желби, а болниот само една. Затоа сакам да им порачам на сите жени да се грижат за своето здравје, да се борат во животот, и никогаш да не се откажуваат.“-рече таа.

donacii pomosБилјана не се откажува. Да бидеме хумани и да и помогнеме донирајќи на телефонските броеви:

ВИП   077 143 404
ОНЕ   075 143 650

За донација во денари на сметката од Стопанска банка 200001840023159, додека за девизи на сметката од НЛБ Тутунска банка 210501682246023.

Доколку се врши уплаќање од странство треба да се наведат следните податоци:

CLIENT DETAILS : name / surname : BILJANA JANESKA , Add: ZELEZNICKA 8 OHRID , IBAN Code MK07210501682246023 BANK DETAILS : BANK NAME : NLB TUTUNSKA BANKA A.D.SKOPJE ; BANK ADDRESS : MAJKA TEREZA BR 1 ; DRZAVA : MAKEDONIJA ; SWIFT : TUTNMK22 .

Донирајте и поддржете ја оваа храбра жена во нејзината тешка битка. Таа верува дека ќе успее, ни вети дека после пет години, на истиов датум ќе ни раскаже нова приказна, овој пат, приказна за тоа како една силна жена успеа да го победи ракот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top