Апел до охридските политичари да ја покажат својата хуманост

Не крварете преку говорот на омраза, бидете хумани и и спасете човечки живот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tocko
Точко

krvodaritelska akcijaОпштинската Организација на црвениот крст од Охрид, во предвечерието на празникот Св.Климент Охридски, ќе организира крводарителска акција, со која ќе се обиде да ја анимира политичката елита од градов, да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко објасни дека младите и влијанието кое врз нив го има говорот на омраза, се причината поради која ја организираат оваа акција.

Точко додава дека крајно време е политичарите во нашата држава, вклучително и политичарите од нашиов град, да престанат да крварат преку говорот на омразата и да се фокусираат на промоција на активности со кои ќе ги поттикнуваат вистинските морални и етички вредности.

Претседателот потенцира дека не испратиле писмени покани до политичките субјекти, бидејќи не сакале никого да етикетираат и се надеваат дека со оваа акција сите тие ќе бидат сплотени, без разлика на нивната различна политичка определба. Инаку, акцијата ќе биде спроведена на 03.12, на патрониот празник на градот, во организација на О.О. на Црвениот крст од Охрид, во соработка со О.У, Св. Климент Охридски. Акцијата ќе се реализира во просториите на истото училиште.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top