Апaртманскиот одел на педијатрија, со првите пациенти

Од утре, апартманскиот дел на Одделението за педијатрија, ќе ги прими првите мајки и дечиња.

 |  Крсте Голабовски  | 
pedijatrija
pedijatrija

pedijatrijaДоопремен и подготвен да ги прими првите пациенти, апартманскиот дел на Одделението за педијатрија при Општа болница – Охрид. Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, повторно на дело ја потврди безграничната хуманост. Анета Јовановска од Црвениот Крст, вели дека неколку години наназад оваа организација во своите активности, традиционално организира една спортско рекреативна акција наречена „За посреќно детство“. Токму со средствата собрани преку оваа акција, беа набавени кревети со кои во целост се опреми овој апартмански дел.

Началникот на детското одделение, Добрила Зимоска, пресреќна што заврши проектот за чија реализација беа потрени неколку години напорна работа. Зимоска вели дека овој дел од објектот целосно е наменет за создавање подобри сместувачки и здрваствени услови во лекувањето на најмладите пацинти. Со проширувањето на одделението се искористи во целост слободниот простор во делот т. н тераса со површина од 220 метри квадратни. Зимоска додава дека објектот во целост е направен со безрезервна подршка на оние најхуманите.

Покрај Црвениот крст изградбата и опремувањето на ова одделение немасхе да биде возможна без сесрдната помош на Ротари клубот од Охрид, како и Менаџментот на ЈЗУ Општа болница – Охрид. Освен неколкуте простории за сместување на малите пациенти и нивните мајки, ова одделение располага со кабинет за ехо дијагностика како и просторија за интензина нега.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top