„Анонимусите“ од Гимназија трето место на карневалот во Прилеп

Учениците од Општинското срдно училиште Св. Климент Охридски уште еднаш покажаа дека се уникатни и единствени.

 |  Татјана Маленкова  | 
gimnazija maska
гимназија маска

gimnazija maskaУчениците од Општинското срдно училиште Св. Климент Охридски уште еднаш покажаа дека се уникатни и единствени.  На карневалот кој вчера се одржа во Прилеп го освоија третото место за современа групна маска.  

„ Токму како што ја замисливме маската, така и изгледавме имавме проблем со времет, врнеше и неможевме во целот да ја реализираме нашата замисла. Околу две недели ја работевме маската“, вели ученик ОСУ Св Климент Охридски Ана Групчева.  

„Миславме да ја одбреме оваа маска, „Анонимуси“, затоа што е популарна во социјалните мрежи и сакавме да бидеме уникатни и посебни и мислевме дека ќе бидеме атракција затоа што се појавуваат во јавност“, вели ученикот Михаил Целески.

„Многу сум среќна поради успехот на тимот со кој работев“, вели професорката по уметност катерина Слатинова. Работевме со стариот тим кој покажа извонреден резултат. Започнавме да се подготвуваме за карневалот, затоа што верував во тимот и знаев дека децата имаат уникарни и оргинални идеи и многу се вредни, едноставно знаев дека и овој пат нема да ме изневерат“, додава Слатинова.
gimnazija maska
„Иницијативата беше моја, малку нескромно го познавам тој карневал дека долго време опстои се одлучив да се испробаме и таму никогаш досега не сме учествувале на карневал во групна форма со ученици“, вели професорката по уметност, Катерина Слатинова.
Учесниците од Гимназија со својот ментор за карневалот се подготвуваа две до три недели. Трошокот за матријалите како и патот ги покри училиштето. Добрата организација на тимот овозможи токму 19 те Гимназијалци да ја воодушеват публиката но и Стручното жири и од 150 пријавени учеснички маски, и 2000 те учесници,  да ја добијат наградата трето место во категоријата современа групна маска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top