Социјалниот дијалог како можност за просперитет на одредени состојби на државата не функционира. Во услови кога најголемиот работодавач е Владата на РМ, кои го диктираат темпото и се главни актери кои нудат работни места, се над бизнисот и го контролираат, тешко може да се собере маса која може да направи пресврт, бидејќи постои голема исплашеност на луѓето поради нивната неможност за егзистенција и прифаќаат било какава работа само за да опстанат. Вакво е мислењето на првиот синдикалец на УНАСМ Слободан Антовски.
Долги години во Македонија од осамостојувањето до сега нема социјален дијалог туку социјален монолог. Жалосно е што партнерите кои што треба да го спроведуваат социјалниот дијалог не го прават тоа туку сосема други, истакна претседателот на УНАСМ Слободан Антовски. Тој нагласи дека неможноста да се спроведе социјален дијалог негативно се отсликува на сите нивоа, бидејќи на маса седнуваат структури на кои не им е грижа за работничката класа, па тоа е причината што младите бегаат од земјава бидејќи минималната плата која ги очекува не им нуди ништо освен гол живот. Антовски смета дека можеби треба да дојде до одредени промени дури политички, бидејќи веќе сме го достигнале амбисот.
„Кај мене владее оптимизам, мора да дојде до некоја промена, но луѓето, работницитте мора да се освестат дека принципиелно треба да се држат таму каде што е нивниот интерес…. нивниот интерес се синдикатот, работата, нивниот интерес не се политичките партии. Партиите се менливи, но тоа не може да биде фокус на нивното внимание, нивниот фокус треба да биде работата и егзистенцијата и за нив и за нивните деца. Очекувам дека ќе дојде до освестување и до промена на медиумските уреднички политики бидејќи главните актери за блокадата на мислењата се медиумите, знаете дека има медиуми кои се под контрла и тоа е страшната слика што не ни дава можност да ние јавно се искажеме“ -вели Антовски.
Синдикатите треба да се рамноправно поставени смета д-р Константин Тренчев, експерт од ЕЗА. Тој вели дека во Македонија треба да се подобрат законите за да има рамноправност помеѓу синдикатите. Додава дека треба да се напишат добри правила за социјален дијалог и смета дека жалбите на луѓето кои ги слушнал на семинарот, кои се изјаснале дека Владата едни синдикати толерира а други притиска треба се обжалат до Меѓународната организација на трудот, во која ќе се укаже на состојбата во Македонија со синдикатите. Д-р Тренчев категоричен дека според правилата на Меѓународната организација на трудот никој нема право да спречи синдикатите да се создаваат и работат, што пак децидно стои во Конвенцијата 87
„Ние можеме таа жалба да ја подржиме да кажеме дека лично се убедивме дека работите не одат добро. Јас можам да ја запознам Европската конфедерација на синдикатите каде што сум заменик претседател, таа како организација да го поддржи и проблемот да се разгледа во Женева и да дојде делегација тука, експерти од Женева да разговараат со сите синдикати, со Владата, со претпријатијата и после да напишат извештај кој секоја година се чита во Женева и Владата на Македонија треба да одговорат пред целиот свет зошто е тоа така – категоричен д-р Тренчев.
Потпретседателот на УНАСМ, Дивна Змејкоска со забелешка на отсуството на претставниците од Министерството за труд и социјална политика на регионалниот семинар кој се однесува на јакнење на социјалниот дијалог.
„Овој настан го сметаме за исклучително важен затоа што се работи за јакнење на социјалниот дијалог од западен балкан каде што е утврдено дека помалку или повеќе во сите земји се одвива еден социјален монолог. Значи за сето она што се донесува од областа на трудовото право на правата на работниците на нивните привилегии, обврски не се дојдени претставниците на Министерството за труд и социјална политика и што е најтрагично не е известија дали ќе дојдат или не“– вели Змејковска.
Инаку од 9-13 септември годинава во хотел Ревиера во Охрид, се одржува регионалниот семинар, Јакнење на социјалниот дијалог – оформување на европска интеграција: специјален проект за работничките организации до Западен Балкан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град