Анималиа го одбележа светскиот ден на бездомните животни

Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.

 |  Мишел Наумоски  | 
animalia
анималиа

 Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни. 

bezdomni kucinja

Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото.

„Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат со бездомните животинки за кои се грижиме и на кои им бараме дом. Благодариме за нивните донации храна и ќебенца. И вдомено е кученце! Посетителот, бордошката дога Аба, сега си има пријателче со кое ќе спие. Бевме посетени и од советникот Пановски кој донира храна и ни вети помош од општината за да го решиме овој проблем со бездомните животни. А и кученцата се гледаше дека се пресреќни. Ќе дојдат подобри денови за бездомните животинки. Неопходно е да дојдат! А ние сме тука како здружение да ја забрзаме таа подобра нивна иднина.“-стои на фејсбук профилот на организацијата.

vdomeno kucenceВо светот се проценува дека има приближно 600.000.000 (шестотини милиони) бездомни животни, а само на територијата на Р. Македонија има околу стотина илјади бездомни животни кои како и останатите од светот се осудени да „живеат“ со најразлични болести, изложени на екстремни временски услови, гневот и бесот на психички растроени поединци, „хуманите“ практики за решавање на проблемот на властите.

Бездомните животни водат мизерен живот на улиците, очајнички борејќи се и за најмалата корка леб што ќе им се фрли и постојано се жртви на несовесни возачи.

На светскиот ден на бездомните животни ширум целиот свет се одржуваат акции за вдомување на бездомни животни и настани за подигнување на свеста кај јавноста во однос на стерилизацијата и кастрацијата на милениците како хуман начин за намалување, па и целосно елиминирање на категоријата бездомни животни.

Инаку овој ден, за прв пат како Светски ден на бездомните животни се одбележува во Холандија во 2010та година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top