• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња

Анималиа и Animal World: Институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња

Здруженијата за заштита на животни од Охрид и Струга со жалење за случајот со човек нападнат од кучиња. Одговорноста ја бараат кај надлежните кои години наназад не го решиле проблемот со кучињата скитници.

 |  Мишел Наумоски  | 
kuce skitnik
куче скитник

Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и преземат мерки предвидени со закон за хумано решавање на истиот.

bezdomni kucinja„Како здружение апелираме институциите конечно да преземат мерки да се обезбедат средства за изградба на стационар или примена на методот залови, кастрирај, врати, како што функционира цела Европа со што во догледно време ќе се намали бројот на бездомните кучиња и можеме да се надеваме на едно хумано решавање на овој проблем. Нашето здружение веќе започна со вршење кастрации и стерилизации на бездомните кучиња во нашата општина, тие истовремено ќе бидат и соодветно обележани за граѓаните да знаат дека тие кучиња не се агресивни.“-вели Јована Мојсоска од здружението за заштита на животни, „Animal World” од Струга.

kuce skitnikИ од охридското здружение за заштита на животни, „Анималиа“ бараат институционална одговорност. И тие изразија жалење за стружанецот нападнат од кучиња, но велат дека не смее поради еден индивидуален случај да се повикува на убиство на сите бездомни кучиња.

„Згрозени сме од реакциите на повеќето граѓани на Струга кои повикуваа на линч, односно убивање и труење на кучињата скитници, нешто што е противзаконски. Во Законот за заштита на животните, строго е пропишано дека не смее така да се пристапи, следуваат огромни казни, како кон поединци кои тоа дело би го извршиле, а исто така и кон институциите односно кон општината. Воедно со законот е пропишан кои се опасни кучиња, во член 30, а во член 32 и како се утврдува опасноста, односно агресивноста кај кучињата.“-рече Климент Арнаудов од „Анималиа“.

Од „Анималиа“ уште еднаш потсетија дека се во фаза на изградба на прифатилиште каде ќе се сместуваат бездомните животни и каде ќе се применува токму методот „залови, стерилизирај, кастрирај, пушти“. Според нив, за сето ова да успее, потребна е финансиска поддршка од локалната самоуправа, а паралелно со тоа, тие како невладина организација ќе бараат и помош од странски фондации. Сепак за тоа да се случи, велат дека потребен е документ кој ќе им гарантира долгорочност на целта за која се залагаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top